Фото: Илустрација/МВР на кантонот Тузла

Како што неофицијално се соопштува, убиецот и жртвата Инела Селимовиќ формално биле разведени, но живееле заедно.

Во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, ноќеска беа убиени две лица, а сторителот е во бегство. Како што потврди за Klix.ba Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се безживотните тела на една жена и нејзиниот 13-годишен син. Мажот наводно ги убил сопругата и синот, а полицијата моментално трага по него. Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а според неофицијални информации мажот и жртвата Инела Селимовиќ формално биле разведени, но живееле заедно.

-Повеќе детали ќе се знаат подоцна – изјави Арнаутовиќ и додаде дека засега не е познат начинот на убиството.

Селимовиќ, како што дознава Klix.ba, работела во супермаркет како дел од станбено-деловен објект каде живеела со синот и сопругот од кои и формално била разведена.

Убиената била кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија на последните локални избори.