И двата натпревара, со Естонија на гости и со Полска дома, се мошне значајни за Македонија во настојувањето да биде дел од ЕП 2025
КОШАРКА
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави поширокиот список со кошаркари на кои смета за претстојните два меча во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава, кое ќе се одржи во Финска, Кипар, Полска и во Летонија, со учество на 24 селекции.
На списокот се 16 играчи, од кои најмногу, пет, се од МЗТ Скопје, четворица од Работнички, еден од Кожуф и еден од ТФТ Скопје, а од интернационалците на списокот се петмина, меѓу кои се и бековите Ненад Димитријевиќ (Милано) и Ти Џеј Шортс (Париз).
Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин, каде што на 21 февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус, со Естонија. Три дена подоцна црвено-жолтите ќе ја пречекаат соодветната репрезентација на Полска, во Скопје, а натпреварот ќе се одигра СРЦ „Кале“ (од 18.30 часот).
И двата натпревара се мошне значајни за Македонија во настојувањето да биде дел од ЕП 2025. Македонија треба да ја победи Естонија на гости, и тоа со најмалку шест поени разлика, како и Полска (која како еден од кодомаќините на ЕП 2025 игра надвор од конкуренција) на свој терен, но и да чека пораз на Естонците од Литванците на гости во шестото коло. При еднаков број бодови, одлучува меѓусебниот дуел на репрезентациите.
Според најавата од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), првиот собир на репрезентативците е закажан за понеделник во 18 часот, во СРЦ „Кале“. Г.И.
СОСТАВ
Војдан Стојановски МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски Работнички
Дамјан Робев Работнички
Виктор Ефремовски Работнички
Андреј Шошкиќ Работнички
Теодор Симиќ Кожув
Страхил Николов ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ Милано (Италија)
Лејсон Зеќири Башкими (Косово)
Андреј Јакимовски Колорадо (САД)
Итан Хап Валенсија (Шпанија)
Ти Џеј Шортс Париз (Франција
ГРУПА Х
Естонија – Македонија 21.2
Полска – Литванија 21.2
ТАБЕЛА
Естонија 4 3 1 307-294 7
Литванија 4 3 1 318-268 7
Македонија 4 1 3 304-321 5
Полска 4 1 3 301-347 5