Филмски вести
Епската американска имигрантска сага „Бруталист“ на Брејди Корбет ја доби главната награда од водечките филмски писатели и радиодифузери во Велика Британија.
На лондонските филмски награди на „Кругот на критичарите“ во неделата вечерта, овој филм беше прогласен за најдобар на годината. На церемонијата беа поделени наградите и почестите за голем број филмски наслови. Можеби изненадувачки, но „Супстанција“ и „Целосно непознато“ излегоа и си заминаа од оваа церемонија со празни раце.
Ватиканскиот трилер „Конклава“ на Едвард Бергер освои две награди, вклучувајќи и за британски/ирски филм на годината и актер на годината за Ралф Фајнс, додека радикалната адаптација на Колсон Вајтхед на Рамел Рос, „Никел бојс“ доби награда за режисер на годината и техничко достигнување.
Мрачната комедија на Џеси Ајзенберг, „Вистинска болка“, беше повеќекратен добитник на награда, доби награда за сценарист на годината за актерот режисер и за спореден актер на годината, Киран Калкин.
Во меѓувреме, Зои Салдања беше прогласена за најдобра споредна женска улога за „Емилија Перез“ во првото доделување на наградите откако избувна големиот скандал околу историските твитови на главната ѕвезда на филмот, Карла Софија Гаскоњ. Салдања беше наградена двапати бидејќи веќе беше објавена како добитничка на наградата „Дерек Малколм“ за иновации, доделена на церемонијата од Америка Ферера и минатогодишниот победник Колман Доминго.
Втората почесна награда на вечерта, наградата „Дилис Пауел“ за извонредност во филмот, му припадна на Даниел Крег, 20 години откако ја доби наградата за британски актер на годината на истите доделувања за „Истрајна љубов“. На Крег му беше врачена наградата од Лесли Менвил, неговата колешка во филмот „Квир“ на Лука Гвадањино. Крег беше номиниран и за актер на годината.
Впрочем, 45-те лондонски филмски награди на критичарите беа изгласани од 210 члена на филмската секција на „Кругот на критичарите“, најдолготрајната и најпрестижна критичка организација во Обединетото Кралство.
Покрај главната награда, филм на годината, која ја понесе „Бруталист“, и за британско/ирски филм на годината што му припадна на филмот „Конклава“, другите награди ги добија „Сѐ што замислуваме како светлост“ за филм од странско говорно поднебје, „Ничија земја“ за документарец на годината. Рамел Рос ја доби наградата за режисер на годината за филмот „Никел бојс“, сценарист на годината беше Џеси Ајзенберг за „Вистинска болка“, а за актерка на годината беше прогласена Мариан Жан-Баптист.