На иницијатива на Регионалниот центар за управување со кризи-Кичево, изминативе денови беше извршена обиколка на повисоките населени места во Општина Кичево, а главен акцент при оваа посета беше ставен на постарите лица и лицата кои се болни и живеат сами. Покрај РЦУК Кичево, во оваа акција учествуваа и вработените од Здравствениот дом Кичево, ОО на Црвениот крст, ДЗС и Општина Кичево.,
-Како и претходните неколку години така и годинава на наша иницијатива во соработка со Здравствениот дом од Кичево, ОО на Црвениот крст, ДЗС и Општина Кичево, извршивме обиколка на селата кои се наоѓаат на поголема надморска височина, при што остваривме средба со месното население кое тука живее и во зимскиот период. По средбата со овие жители добивме целосна информација околу нивната подготвеност за зимскиот период, дали навремено се снабдиле со прехрамбени артикли, лекови и храна за добитокот. Бидејќи поголемиот дел жители од овие планински села се на постара возраст, им беше измерен крвен притисок и проверен шеќерот во крвта-истакна раководителката на РЦУК Кичево, Сузана Тасеска.
Инаку при оваа обиколка беа посетени селата, Бачишта, Лешница,
З.А.