Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Шпанецот Карлос Алкараз со 4-6, 6-4, 6-3 и 6-4 во четвртфиналето на Австралија Опен 2025 година.
Мечот траеше 3 часа и 35 минути.
Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ имаше 5 асови, 3 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од 11.
Шпанецот направи 5 двојни грешки и реализира 7 брејк топки од 13.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.
Грен слем турнирот во Мелбурн се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари.