Општина Карпош соопшти дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. – Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот – информираат од општината.
Оттаму додаваат дека патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото.