Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Македонија.
За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист, и Делвина Крлуку, публицистка. Државната награда за остварување во областа на новинарството ја делат: Атанас Костовски, новинар, и Љупчо Јолевски, новинар.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември, во свечената сала на Собранието.