Фото: КБ Прво пензиско друштво

На престижната церемонија на Европските награди за пензиски фондови, која се одржа на 03.12.2024 година во Прага, организирана од IPE (Investment & Pensions Europe),  друштвото КБ Прво пензиско друштво беше наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“.

Ова признание го одразува ангажманот за мудро и иновативно управување со инвестициите, кое истовремено обезбедува финансиска сигурност за членовите и е во согласност со глобалните стандарди за одржливост.

– Внимателна имплементација на стратегијата за пасивни инвестиции заедно со силната инкорпорација на ESG, користејќи го пристапот на таргетирање – гласи изјавата на судиите, со посебно потенцирање на: Висок раст во фазата на акумулација, приспособен за релативно млада структура на членови; Зголемување на ESG рејтинот за 20% кај инвестициите во странски ETFи, истовремено со поголем принос Одржливост и иновации преку инвестиции во ETFи кои се фокусираат на вештачка интелигенција.
Оваа награда не е само доказ за посветеноста и стручноста на нашиот тим – тоа е исто така признание за растечката сила на пензискиот систем на нашата земја на европската сцена.

Изразуваме срдечна благодарност до нашите посветени вработени и лојални членови што го овозможија ова достигнување. Благодарение на нив, оваа награда е не само наш успех, туку и гордост за пензискиот систем во нашата земја.

Заедно, градиме иднина на безбедност, одржливост и иновации. Заедно градиме иднина, денес.

Дознајте повеќе за наградата на веб-страницата на IPE.

IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/32 24 229

Комерцијален текст