Фото: РФМ

Македонската селекција е во групата Д, во Вардаждин (Хрватска), каде што ќе се сретне со Унгарија, Холандија и со Гвинеја. Првопласираните три селекции од секоја од осумте групи ќе играат во втората групна фаза

РАКОМЕТ

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, одреди 35 ракометари на поширокиот список за настап на Светското првенство (СП) во јануари в година, што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка. Македонија е во групата Д, во Вардаждин (Хрватска), каде што ќе се сретне со Унгарија на 15 јануари (20.30 часот), два дена подоцна со Холандија (18 ч.) и на 19 јануари со Гвинеја (20.30 ч.).
Мундијалот е 29. по ред. Трите првопласирани селекции од секоја од осумте групи ќе играат во втората групна фаза, во која ќе има четири нови групи, од кои, пак, првопласираните две репрезентации ќе настапат во четврт-финалето. Групата во која е Македонија во втората рунда ќе вкрсти со селекции од групата Ц, во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.
За Македонија тоа ќе биде деветти настап на светските шампионати, а вкупно 17-ти на големата турнири, заедно со европските првенства (ЕП). Црвено-жолтите од 2012 година не пропуштија ниту едно СП или ЕП и Мундијалот в година ќе биде 14, во низа големо натпреварување.
Состав: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Иван Галевски (Алкалоид), Марко Кизиќ (Алкалоид), Мартин Томовски (Потсдам, Германија), Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Марко Митев (Алкалоид), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Алкалоид), Мартин Велковски (Алкалоид), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Михајло Младеновиќ (Алкалоид), Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер), Марио Танкоски (Вардар 1961), Филип Талески (Бенфика, Португалија), Мартин Карапалевски (Валјадолид, Шпанија), Никола Костески (Алкалоид), Давид Савревски (Алкалоид), Филип Николов (Бутел Скопје), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар 1961), Михаил Аларов (Вардар 1961), Валентин Карасманакис (Алкалоид), Никола Маркоски (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер), Кристијан Симоновски (Алкалоид), Иван Џонов (Алкалоид), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Гоце Ојлески (Охрид), Томислав Јагуриноски (Вардар 1961), Мартин Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Ален Ќосевски (Вардар 1961), Александар Петковски (Алкалоид). Н.М.