Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета.

– Знам дека некои луѓе намерно не поднесоа оставка, или не им беше дозволено да поднесат оставка пред тој митинг (протест во Нови Сад) за да не се каже дека тоа е направено под притисок на некој друг. Сега е вашата шанса, покажете морална и политичка одговорност – изјави Вучиќ за РТС од Баку.

Тој побара од обвинителите да продолжат да работат напорно за утврдување кривична одговорност, додавајќи дека знае колку е комплициран тој случај.

– Мораме да покажеме …не само грижа за семејствата на жртвите, туку и дека сме одговорно општество и дека ќе знаеме како кривично да ги казниме виновниците, а политичката и моралната одговорност мора да биде на повисоко ниво токму за да се направи разлика меѓу неодговорните и оние кои мислат дека можат да добијат нешто со измама – рече Вучиќ.