ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ
Седум партии без ниедно реми е епилогот на четвртото мошне борбено коло на третиот турнир од шаховскиот фестивал „Незаборав за хероите“, во чест на јубилејот 80 години од ослободувањето на Скопје, на 13 ноември, а играат само шахисти што не се помлади од 60 години. На лидерската позиција сега сам изби Илија Стошевски (3,5 поени), кој во минијатура (23 потези) со бели фигури го надигра Атанас Ташевски. Дербито на колото му припадна на ФМ Јани Богоевски, кој го победи ФМ Љубомир Хаџи-Манев, а брза победа оствари и ФМ Љубомир Илиќ, кој во 22. потег го доведе противникот пред мат.
Резултати 4. коло: Стошевски (2.015) – Ташевски (1.960) 1-0, ФМ Богоевски (2.160) – ФМ Хаџи-Манев (1.951) 1-0, ФМ Илиќ (2.073) – Јовановски (1.854) 1-0, Томов – Андонов (2.119) 0-1, Цветковски (1.737) – Трајковски (1.917) 0-1, Спасовски (1.836) – Голубовиќ (1.705) 0-1, Кромов (1.693) – Ахчиев (1.690) 0-1, Топалов (1.668) слободен (1), ФМ Кралевски (2.015) не спарен (0,5).
Стошевски – Ташевски, 4. коло: 1.Сф3 д5 2.д4 е6 3.е3 Сф6 4.Лд3 ц5 5.б3 Ле7 6.Лб2 О-О 7.Сбд2 б6 8.Де2 Лб7 9.О-О Сбд7 10.Се5 Тц8 11.ф4 Се4 12.ц4 Сдф6 13.Тад1 Дц7 14.цд5 ед5 15.Се4 де4 16.Лц4 а6 17.а4 а5 18.д5 Тд8 19.Сг4 Сд5 20.Сх6 Кх8 21.Дх5 Лф6 22.Лф6 Сф6 23.Тд8 1-0. Г.И.