Сплитско-Далматинската полициска управа издаде соопштение дека се идентификувани и откриени сите сторители кои изминатата недела испратиле четири лажни пријави за поставени експлозивни направи во образовните институции, што предизвика загриженост и нарушување на редовната настава.
Првата пријава била примена на 30 октомври во месноста Имотски од лице кое пријавило дека била поставена бомба во зградата на гимназијата во Имотски. Полициските службеници набрзина ги спровеле сите мерки и дејствија и утврдиле дека пријавата е лажна. Како резултат на натамошната кривична истрага, утврдено е дека сторителот е 15-годишно момче против кое е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Лажно тревога (член 316 од Кривичниот законик на Република Хрватска).
Втората пријава е примена на 05.11.2024 година, кога машко лице телефонски известило дека во средното училиште во Трогир е поставена бомба и побарало сума пари како откуп. Истиот ден истото лице пријавило поставена бомба во основно училиште во сплитско.
Полицијата веднаш започнала опсежна потрага по осомничениот и набрзо идентификувала и привела 16-годишен малолетник како сторител. Против него е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела Лажна тревога (член 316 од КЗ на Република Хрватска) и Обид за изнуда (член 243 од КЗ на Република Хрватска).
Два дена подоцна, на 7 ноември, добиена е нова дојава дека во основното училиште во Солин била поставена бомба. Полициските службеници и за овој случај брзо реагирале и утврдиле дека се работи за лажна пријава.
Кривичната истрага утврдила дека пријавата ја направило дете кое не наполнило 14 години, кое кривично не одговара. Полицијата за настанот составила посебен извештај и го известила надлежниот Центар за социјални работи и Општинското државно правобранителство.