САД ја подготвуваат Европа за „самоубиствена авантура“ на влегување во директен воен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
-Како резервна опција во случај режимот на Зеленски да пропадне, тие (САД) ја подготвуваат континентална Европа да се втурне во самоубиствена авантура и да влезе во директен вооружен конфликт со Русија – рече Лавров, говорејќи на меѓународниот симпозиум „Создавање на иднината“, пренесуваат руските медиуми.
На симпозиумот Лавров истакна дека Берлин „срамно го прифатил понижувачкото“ уништување на гасоводот „Северен тек“.
-Германската влада срамно го прифати понижувачкото уништување на гасоводот „Северен тек“ на штета на основните интереси на германската економија и германскиот народ – заклучи тој, пренесен од руските медиуми.