Фото: Х/ Министерство за надворешни работи на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави денеска Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Доколку се реализира, тоа ќе биде негова прва посета на некоја земја од Европската унија во последните речиси три години.

Амбасадата на Малта во Русија потврдила за Ведомости дека одлуката за состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на 5 и 6 декември се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација.