Нивици – нонпејпер

Вредности

Ми се допадна насловот… некако… ми дојде естетски… се почувствував важен: употребувам за мене, нова (модерна) синтагма… нонпејпер (му доаѓа некако… француско–енглески)… демек: уште помодерно… Но!
Дали содржината на овој извештај се совпаѓа со овој провокативен, модерен, дипломатски штос?… Еве, јас, накусо, етимологијата: НОНПЕЈПЕР Е ЛИВЧЕ НА КОЕ МУ НЕДОСТИГА СЛУЖБЕНА ВЕРИФИКАЦИЈА (слично на анонимка по старото, односно „по допрен глас“ во актуелното законодавство)… Првпат се појавува во дипломатијата на Студената војна (маневра – дипломатски потег за евентуална предност што ја остварува доставувачот.)…
Сега: Нивици: мали ниви во деминутив… но, исто така, и село што по Букурешкиот договор е вцртано како географија на новоформираното кралство Грција. До денес Нивици е село со 82 Македонци и е поврзано со овој извештај затоа што тука се одигра најновиот чин на бескрајната драма, која во секојдневноста на оваа земја се допишува повеќе од 30 години под работен наслов: „Д НЕЈМ ИШУ“, Поднасловот на оваа трагикомедија е: „КАКО ДА СЕ ДОБИЕ УМЕТНИЧКИ ’ДОЈАМ‘ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ САМИ ЗАМОЛИЛЕ ДА СИ ГО ИЗБРИШАТ ИМЕТО!
Најважно за режијата е: ПУБЛИКАТА ДА РАЗБЕРЕ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕМОЦИИ… и дека: НАЈГЕНИЈАЛНИОТ НАРОД НА СВЕТОТ, НАЈПРОДУКТИВНО ЦИВИЛИЗАЦИСКИОТ НАРОД ВО СВЕТОТ МНОГУ СТРАДА ЗАТОА ШТО ИМА МАКЕДОНЦИ ШТО СЕ УВЕРЕНИ ДЕКА СЕ САМО МАКЕДОНЦИ И ДЕКА НИВНИТЕ ДОКАЗИ ЗА БИОЛОШКО КУЛТУРНИ ВРСКИ СО МИНАТОТО ДО ДЛАБИНА ОД 8.ООО ГОДИНИ СЕ ДОКАЖАНИ…, А ТИЕ МНОГУ БИ САКАЛЕ МАКЕДОНЦИТЕ ДА НЕ БИДАТ МАКЕДОНЦИ, А ДА БИДАТ ГРЦИ…
Признавам: трогателно… и, нормално секаде има хумани луѓе што не можат да гледаат страданија… и… тие се навистина гласни во оваа секојдневност.
Цитирам: „МИЕ ТОВА НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ДОЗВОЛИМЕ!“… толку за секојдневноста“.
Во реалноста се дејствува поинаку. Вака:

1. Емоциите и народот се употребуваат како анестезирани пациенти: тие 30 години се слепи и глуви за цивилизацискиот геноцид
2. Дури и Владата (и во Атина и во Скопје) има само дезинформации за текот на „преговорите“
3. Седмата сила ќе биде вклучена во свое време… засега, да добие стандардна информација:…?…„Да, состанокот се одржа“? „Да, имаше извесен напредок“?… „Не, немаше напредок“…? …„Да, олеснувачот ќе извести за следната средба“… седмата сила трга во истражувачко новинарство и го наоѓа олеснувачот! Олеснувачот се обѕрнува пошироко: …дека ова е емоционално и дека вие не треба да ги лутите Грците и дека тој како олеснувач е на ваша страна и дека ќе се изнајде решение и дека вие сте на вистинскиот пат со силна поддршка на ентропијата ЕУ,… вие впрочем таму и припаѓате…
И така 30 „независни“ години.
На 18 јуни 2018 во македонското село Нивици на брегот на таинственото езеро, торжествено со прегратки се претстави како завршен чин најневеројатниот историски настан, проектот „Д НЕЈМ ИШУ“.
Присутни: олеснувачот со другите олеснувачи, првата страна, втората страна, медиумите (ова е брејкинг њуз): ДОГОВОРОТ Е ПОСТИГНАТ… МИР ВО ЗЕМЈАТА – МИР ВО СВЕТОТ… ИСЧЕЗНА ТРАУМАТА КАЈ „ГРЧКИОТ НАРОД“…
Главна ѕвезда на претставата е еден нобеловец во подготовка црпнат од Нивици…
Договорот е краток и јасен: четири страни!
Минува потребно и доволно време.
Прво се открива дека договорот не содржи четири туку 64 страни! Потоа се открива дека не станува збор за ПРЕГОВОРИ околу името меѓу две страни, туку дека станува збор за СУДСКИ ПРОЦЕС во кој едната страна обвинува, а другата се брани. И дека станува збор за судот КАДИЈА ТЕ ТУЖИ – КАДИЈА ТЕ СУДИ!
На 18 јуни 2018 се прославуваше пресудата, според која, Македонија треба да плати изгубен процес по четири основи:
1. КРАЖБА НА ТУЃО ИМЕ
2. КРАЖБА НА ТУЃА ИСТОРИЈА
3.УКРАДЕНА ТЕРИТОРИЈА СО МИЛЕНИУМИ
4. ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ СО МИЛЕНИУМИ
Како што може да се забележи: НЕ ПОСТОИ ПОСЕРИОЗНО ОБВИНЕНИЕ ВО СВЕТСКАТА СУДСКА ПРАКСА! Чудно е зошто не се спомна дека ниеден адвокат не бил присутен на безбројните рочишта во текот на 30 години? Ова треба да се препрочита внимателно во повеќе наврати.

Да ја направиме претпоставката дека сме постапиле по претходната препорака.
Чаре?
А) Можеме да ја обжалиме бесмислената пресуда.
* – на кој суд, каде и како да се достави оваа поплака? (поради спецификата на предметот изгледа нема таков суд во светот ни во сеќавањето на светот)
** – да се оформи нов суд со титула „СУД ЗА ОЛЕСНУВАЊЕТО“! (Македонскиот јазик, верувам, тешко дека би можел да прифати ваква синтагма)… и да се потсетиме: Македонскиот народ беше против сите тие 30 години седење на клупата во ЊУЈОРК!… И да се потсетиме, младата влада (Македонија има млада влада повеќе од 30 години) прифати и седеше на клупата во CLASSIFIED положба: “…види, не биди, неразумен… 30 години си одиш во Америка… службено, сѐ платено… се смешкаш, се понашаш, даваш куси изјави… и… види:..на крајот (и така и така) ТИЕ ќе одлучат како што замислиле!
Б) Ако ја обжалуваме пресудата врз која основа ја класифицираме како бесмислена?
* – Украдено име:
За секој правник, адвокат, баристер, солиситер или лојер доказот е: Македонија е историски и археолошки постаро (многу постаро) име и геополитички ентитет од Грција. Зборот „грција“ го нема на ниеден археолошки артефакт пред Христа и го нема ни во сите познати записи на камен, дрво, папирус, пергамент на ниеден познат јазик пред Христа. Грција или Грци нема ни во Светото Писмо! Одредницата „грција“ ја нема на ниедна географска карта пред 1832 година, по Христа! Македонија е присутна секаде. На камен, дрво, глина, папирус, во древното сеќавање на Европа, Азија и Африка.

** – Украдена историја
За секој правник е јасна конотацијата на оваа оптужба. Оваа синтагма значи: СЕ БАРА СЕТО СЕЌАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА БИДЕ ИЗБРИШАНО ОД ГЕНЕТСКАТА СТРУКТУРА НА МАКЕДОНСКИТЕ ОБРАЗИ, КОИ ПРИРОДНО НАДОАЃААТ ОД БИДНИНАТА со медицинската последица: БРИШЕЊЕ НА СЕЌАВАЊЕТО ШТО ОВОЗМОЖУВА ФОРМИРАЊЕ СВЕСТ и понатаму: НЕДОСТИГОТ ОД СВЕСТ ЗНАЧИ ВЕГЕТИРАЊЕ, НО НЕ И ЖИВЕЕЊЕ.
НАВРЕДАТА Е ВРВНА! – МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ВЕГЕТАЦИЈА!
И ова не е крајот: ОВОЈ ПРЕСКАП ХИРУРШКИ ЗАФАТ ТРЕБА ДА ГО ИЗВРШАТ САМИ ВРЗ СЕБЕ И САМИ ДА ГО ПЛАТАТ. Како што сами ќе ги платат сите судски трошоци за процесот што трае 30 години
*** – Украдена територија
Внимание! Ова обвинение е лирски срочено: ПОРАДИ ДЕМОКРАТСКО ДОБРОСОСЕДСКИ И БЕСТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ, јужниот сосед не ја бара територијата на моменталниот северен сосед (потсетување дека добил 51 отсто од етничката територија на Македонија и 1.000 км морски брег и дека со геноцидна политика го брише македонскиот етнос повеќе од 100 години и сѐ уште имотноправно не може да покаже катастарско наследство врз тие 51 отсто од анектираната територија! Затоа јужниот сосед не бара ништо од ПОВРШИНАТА на северниот сосед. НО БАРА СЕ ПОД ПОВРШИНАТА! БАРА МАКЕДОНЦИТЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СОПСТВЕНИТЕ ГРОБИШТА!!!
**** Лажно претставување
Оваа синтагма има директна поширока поддршка од западниот, источниот и од други „соседи“. Смешан е и еден масон, кој без да знае е прогласен за кум на „една смеша од народ што добива име и историја по Втората светска војна“?!
Овде се оспорува СТАРОСЕДЕЛСТВОТО! Овде се прогласуваат за староседелци оние што според сите запишани докази во книгата на вистината, која (96 отсто е неотворена и чека да биде отворена и е под секоја стапка на македонската почва) со само 4 отсто докажува дека страната што обвинува за лажно претставување се „гастарбајтерите“ што се прибрани од Македонците во темниот период на антиката како мистериозен „народ што дојде од морето“… и… ДО ДЕНЕС НИКОЈ НЕ ЗНАЕ НИ КОИ СЕ НИ ОД КАДЕ?
ЦЕЛТА НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА Е АСИМПТОТСКО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ВИСТИНАТА.
„ГРЧКАТА“ НАТЧОВЕЧКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА (како што мудро поучуваат вистинските истории претставува „INTERPRETATIO GRAEKA“) и… Е само операција на ФОРМАЛНАТА ЛОГИКА: НЕВИСТИНА ПО НЕВИСТИНА ПРОИЗВЕДУВА ВИСТИНА! Почит за Тебе Курт Гедел.
СЕГА Е ТОЧНО ВРЕМЕ:
ПРОВЕРЕТЕ ВО БИБЛИОТЕКАТА НА БАНКАРОТ ЏЕЈМС ЛЕБ…
или… ПИТИ ЈА… ГЕОАНТРОПОЛОГОТ Д-Р БРИЏИТ ХОФМАН од институтот „Макс Планк“.
Еве го заклучокот од нејзината рецензија за изданието на зелено-златните и црвено-златните антички Хиз Стору, кои редовно се дотеруваат во нови изданија (најмалку 10 пати досега):
ЗА ЖАЛ, ОВА ИЗДАНИЕ НЕ СОДРЖИ КРИТИЧКИ АПАРАТУС ЗА СОДРЖИНИТЕ НА ИЗДАНИЕТО!!!

Вангел Божиновски