Еден од главните совети би бил, ако имате некој познат што е во добра состојба, а има 95 години, прашајте го што правел, слушајте паталци, читајте популарни книги, следете медиуми и искористете лекови од домашната аптека што е во нашите дворови, планини и ливади
Медицински совети (1)
Ова не е колумна. Тоа е шема. Не мора сето ова да го знаете – враќајте се само каде што имате интерес. Чувајте ја – ќе ви треба! Дополнувајте.
ПРВО. Сите мислиме дека кај нас медицината е најлоша, а светот – „вреди“. Не е точно! Знам случаи кога таму со месеци чекаат за интервенција. Да дојдеш до специјалист е фантазија. Едни не знаеја од каква дијагноза се лекуваат. Македонија има доктори. Нема систем, идеја и волја. Во Шангајската листа не сме влезени бидејќи немаме наука, а не доктори или инженери.
ВТОРО. Четири тривијални совети. 1. Имате ли пријател стар над 95 години во добра состојба – прашајте го што правел. Правете го истото тоа. 2. Прашајте паталец. Паталецот е мудрец. 3. Прашајте и некој „бистар“ што работел во болница (сестра, болничар, друго). 4. Следете медиуми и популарни книги. 5. Докторите – најважни.
ТРЕТО. Некогаш имате состојби за кои се чудите и вие и лекарите. На крајот успевате – по долг пат. Еве такви „необјасниви“ состојби – малаксаност, несвестици, визуелни промени, болки, стомачни тегоби, нарушен апетит или повраќање, проливи, слабеење, температури, потење и чудни психички однесувања. „Трите ѓаволи“ кај младите се – несакана бременост, дрога и психа. Многу болести се катастрофа на љубовта. Рој од „чудни појави“ се следните: ИНФЕКЦИИ (вирус, бактерија, паразит) – секогаш се со нас. Кога е „ептен чудно“ мислите на – хепатит, Епштајн-Бар, хеликобактер, глутен-интолеранција, бременост, дрога, алергија, ХИВ, ханта, габи, од инјекции, синузит, заб, МРСА, бруцелоза, од животни, од птици, паразити – цревни, кожни, уринарни, нервни, „токсик-шок-синдром“, сепса, лајм, медитеранска треска, тропски (маларија, нилска), токсоплазма, угриз – инсект, пајак, крлеж, змија, мачка (гребење). ТЕМПЕРАТУРА ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО може да е – инфекција (горенаведени), тромбофлебит, пулмонална емболија, имунолошка (системска, ревматска, ендокрина, алергија, ГИТ, графт, алергија), бременост, имуно-дефицит, скриен малигном (лимфом, ГИТ-карцином, панкреатичен, саркоми, генитални, крвни), хемолиза, некроза (гангрена, инфаркти, инфилтрат, апсцес), туѓо тело (повреда, заборавен хир. инструмент, газа, конци, кожен паразит), алергија (од храна, пијалаци, полен, хемикалии, зачини, козметики, облека, контактни, професии, коса, амбалажа, лекови, психа, звук), убод (инсект). ТОКСИНИ-ВАЖНО: дрога, лекови, вакцини, професионални, тешки метали, испарувања, пестициди. БРЕМЕНОСТА е чест „скриен кривец“ – нормална, ектопична или мртов плод. ХИПОТЕНЗИЈА: со или без колапс – дехидратација, инфекција, лекови, бременост, алергии, анафилакса, стрес, ендокрини, топлина, автономна невропатија (дијабет, неврити, алкохол, дрога).
ДЕХИДРАТАЦИЈА: напор, на сонце, повраќање, пролив, диуретици, хипонатремија, крвавења, потење, температура, ендокрини, бременост, хипервискозност. ЕНДОКРИНИ: тироидни, дијабет – хиперхипогликемија, инсипиден дијабет, електролити, ацидоза, Адисонова и Кушингова болест, феохромоцитом, хипофизни болести – Шихан, имунолошка, тумори. ГИТ – гастрит, ентерит, холецистит, калкулоза, панкреатит хроничен, панкреасна циста, тумор, малнутриција, малабсорпција, глутен-интолеранција, хеликобактер, интолеранција на лактоза, млеко, други производи, безоари, болести на хранопроводот, хепатални, ТБЦ, тропски болести, паразити, хипопротеинемија, имунолошки – имуноглобулини, Кронова болест, колитиси, системски, васкуларни, ендокрини, малигноми (хематолошки и други), токсини и лекови. СИСТЕМСКИ БОЛЕСТИ: Кардиолошки (хипертензија, срцева слабост, инфаркт, инфаркт без болка, болести на залистоци, перикардит, миокардит, миокардиопатија). Респираторни – пневмонија, бронхит, астма, инфилтрација, малигном, емфизем. Бубрежна инсуфициенција – пиелонефрит, гломерулонефрит, опструкциона, малигноми. Хепатална болест (хепатит, опструкција, замастување, цироза, малигном). Имунолошки – ревматски, лупус, периартеритис, алергија, хепатит, нефрит, колитис, тироидит, паразити.
ЧЕТВРТО. Чести симптоми и знаци. Причини за сите болести се следните: инфективни, кардиоваскуларни (срце и крвни садови), малигни, имунолошки, бременост, алергии, автоимуни, имунодефицит, ендокрини-метаболни, физички (трауми, зрачење, топлина, ладно), хемиски, вродени (генетски или негенетски), лекови и психогени. МАЛАКСАНОСТ И ЗАМОР: премор, дехидратација, стрес, крвен притисок (висок/низок), инфекција (сите), температура, бременост, анемија, хипоксија (срцева, белодробна, височина, клима), токсин – ендоген (кетони, уреа-креатинин) или егзоген (лекови, дрога, алкохол, пестицид, метали), дебелина, електролити, ендокрини (тироидни, дијабет, кортикални, хипофизни), миастенија и сродни, старост и психолошка. БОЛКИТЕ се најчести тегоби. Општо по цело тело може да биде од премор, инфекција, ревматизам, бременост, миозитис, невритис, дрога, системски и ендокрини заболувања. Локално ги делиме по делови на телото. ГЛАВА: најчесто за главоболки причини се стрес, преоптоварувања, промаја-студ, време, инфекции (грип, настинка, вирусни инфекции, синузитис, отитис, поретко нервни инфекции, паразити и кои било општи инфекции). Може да е нарушен видот или очниот притисок. Васкуларни се мигрена, спазам, цереброваскуларни и васкулитиси. Поретки се – тумори (бенигни, малигни), инфилтрации (ТБЦ, саркоидоза, лимфом), компресија (едем на мозокот, траума, операција, крвавење, инфламација), имунолошки (енцефалит, алергија), ендокрини (тироидни, хипогликемија, акромегалија, пролактином, Шихан, електролити) и бременост. ВРАТ: спондилит, промаја, фибромиалгија, акутен тироидит, фарингит, тонзилит, рак (јазик, грло, трахеа, езофагус). ГРАДЕН КОШ: мускулен ѕид (миозит, фибромијалгија, повреда, ТУ), срце (инфаркт, ангина пекторис, перикардит, миокардит, аорта – аневризма), респираторни (плеврит, пневмонија, карцином до плевра), други (пневмоторакс, ателектаза, прострелна рана, медијастинит). АБДОМЕН: горен дел – се желудник, дебело црево, панкреас, жолчка, црн дроб, слезена. Долен дел – се генитални органи, уринарни органи, апендикс, колон, ректум. Среден дел – тенко црево.
Слабини – бубрези (калкулуси, инфекции) и ’рбет. ЕКСТРЕМИТЕТИ: реума, миозити, неврити, тендинит, гихт, тумори на коски и меки ткива, „истегнатост“. ГРБ: од ’рбет (остеопороза, остеомалација, дископатија, спондилоза, колкови, повреди, метастази, деформации, ретко ТБЦ), од аорта (дисекција) и од срце, ДЕФОРМАЦИИ: на лице – вродени, егзофталмус, ендокрини (тироидни, акромегалија), тумори, цисти, пареза (периферна, централна), Паркинсон, деменција, ринитис. На ’рбет – сколиоза, кифоза, кифосколиоза, гибус, вродени, од остеопороза, акромегалија, Бехтерева болест, инфилтрат. Екстремитети – рахитис, повреди, вродени. ГАДЕЊЕ-ПОВРАЌАЊЕ: ГИТ (инфекции, храна, хернија, илеус, апендицитис, хепатит, панкреатит, малигноми), невролошки, Мениер, бременост, ендокрини (кетони, тироидни, хипокортицизам), постхируршки, системски (срцева болест, респираторна, бубрежна, од црниот дроб, хематолошка, невролошка), интоксикации, алкохол, лекови и психогени. КРВАВЕЊА: нос, респираторни, ГИТ, генитални, внатрешни, а причините се – хематолошки (хемостаза, малигни), хипертензија, лекови (аспирин, антикоагуланти), инфекции, карциноми, повреди, ендометриоза. НЕВРОЛОШКИ ИСПАДИ СЕ: ментални, свест, слабост или пареза на екстремитети, трнење, болки, искривено лице, нарушен од, говор, голтање, стоење и грчеви. Причини се: крвен сад, к. притисок, инфекција, тумор, метастаза, повреда, едем, бременост, имуно, фебрис и топлотен удар.
Самуел Колономос Садикарио, пензиониран професор по интерна медицина
Продолжува