СAД, Јапонија, Австралија и Индија ќе ја зголемат соработката за поморската безбедност во Индо-пацифичкиот регион, соочени со зголеменото влијание на Кина во регионот.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во својот дом ги пречека премиерите Нарендра Моди од Индија, Ентони Албанезе од Австралија и Фумио Кишида од Јапонија. Земјите ја сочинуваат таканаречената Quad Alliance која има за цел да го потисне влијанието на Кина во регионот.
– Продолжуваме да ја изразуваме нашата сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики и присилните и застрашувачки маневри во Јужното Кинеско Море“ – се вели во соопштението на лидерите.
Тие ја осудија опасната употреба на бродовите на крајбрежната стража и поморската милиција и зголемената употреба на опасни маневри избегнувајќи какво било директно спомнување на Пекинг.