Односите меѓу Косово и меѓународната заедница на тенок мраз
САД остануваат посветени на помагањето на Косово, и покрај контроверзните поведенија на владата на премиерот Албин Курти и на самиот премиер на Косово, кои се одразиja на квалитетот на односите меѓу Косово и САД, изјави американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, по потпишувањето договор за грант од 34,5 милиони долари за Косово од американската агенција за меѓународен развој УСАИД.
Ховениер побара владата на Курти да се врати на конструктивниот дијалог со САД и другите меѓународни партнери.
– Многумина од вас го видоа извештајот во медиумите за разликите меѓу САД и другите членови на меѓународната заедница со Владата на Косово, во врска со некои дејства што ги презема актуелната влада на премиерот Курти. Се соочуваме со одредени предизвици со актуелната влада на Косово, кои се одразија на квалитетот на нашето партнерство. Како што претходно порача и портпаролот на Стејт департментот претходно, Владата на САД се надева дека косовската влада ќе се врати на тесен и конструктивен ангажман со САД, ЕУ, НАТО и другите меѓународни партнери на Косово – рече Ховениер.
Тој напомена дека посветеноста на САД кон народот на Косово останува силна и цврста, иако соработката во некои области со актуелната Влада на Косово останува помалку позитивна отколку што се надеваа во САД. Р.С.