На летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва од 18.00 часот, во
организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, ќе се одржи седумнаесеттата по ред традиционална меѓународна поетска манифестација ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2024.
– И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Со самото тоа, на 10-ти Август Прилеп повторно ќе биде центарот на поезијата и убавиот пишан збор, а присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските восклици на присутните поети – вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп, поканувајќи ги љубителите на поезијата на манифестацијата.
Воедно ќе биде промовиран и Зборникот Поетско Маркукуле 2024, во кој со
поезија се застапени околу 220 поети од десетина различни земји.