Нега и убавина
Екстрактот од едноклеточните црвени алги (името го носат поради црвената боја) од класата Rhodophiceae е микроалга што содржи невроактивна смирувачка состојка, која ги намалува рецепторите за болка поврзани не само со чувствителноста на кожата туку и со воспаленијата на кожата. Таа ја намалува реактивноста на кожата за да ги врати удобноста и пријатното чувство.
Дерматолозите ги нарекуваат црвените алги природна алтернатива на дексаметазонот, моќен хормон со несакани ефекти што се пропишува за ублажување сериозни воспаленија. Во исто време овој екстракт е целосно природен и се користи во козметиката за нега погодна за секојдневна употреба на кожата.
Не е претерување да се каже дека алгите се разновидна состојка што е корисна и за убавината и за здравјето. Нивната единствена способност за регенерација и заштита активно се проучува и се користи во формулите за убавина. Особено екстрактите од спирулина и фукус ги стимулираат метаболичките процеси во ткивата и придонесуваат за регенерација на мукозната мембрана.
Меѓу органските алтернативи во козметиката е и тигарската трева. Тигарската трева, наречена центела, е уште една природна состојка од суптропските региони подготвена да ѝ се спротивстави на секоја „синтетика“. Таа често се наоѓа во корејската и индиската козметика. Во Азија, пак, долго време кружат легенди за рана употреба на ова растение во негата.