Поранешниот претседател на Грузија Михаил Сакашвили ги повика сонародниците да не ги признаваат резултатите од денеска одржаниот втор круг од претседателските избори.
Во видео-порака од Холандија, каде сега живее, Сакашвили рече „никогаш нема да ги признаам резултатите од овие избори. Ова денеска не беа избори. Тоа не беше демократски процес”.
Тој ги повика граѓаните на Грузија утре да почна со „масовна граѓанска непослушност“.
По завршувањето на изборниот ден во 20 часот по локално време, резултатите од излезните анкети на „Галуп интернешенел”, покажуваат дека победник на вториот круг со 57 отсто од гласовите е Самоле Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон “. Нејзиниот ривал Григол Вашадзе од опозициското „Единствено национално движење”, кои се приврзаниците на Сакашвили, доби 43 проценти.
На крајот на гласањето, одѕивот на гласачите изнесуваше 56,23 отсто, соопшти грузиската ЦИК.