АТЛЕТИКА – МЛАДИНСКО БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО
Во Марибор (Словенија) се одржа Балканското првенство (БП) за атлетичари до 18 години, на кое настапија пет македонски натпреварувачи, информираат од Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Марко Алексовски во трката на 100 метри со резултат од 10,88 секунди се пласира во финалето, каде што го освои седмото место со време од 10,95 секунди, што е нов македонски рекорд за млади младинци (резултатот во полуфиналето е остварен со мал ветер, плус 2,4 м/с). Во трката на 200 м, но надвор од конкуренција, Алексовски со време 21,71 секунда го освои третото место.
Брајан Авиа во скок во далечина беше петти со скок од 7,08 метри. За време на овој скок ветерот минимално ги надмина границите на дозволеното. Марко Ристов во трката на 100 м оствари време од 10,99 секунди, пласирајќи се на 11-то место, но и за време на оваа трка ветерот не беше во дозволените граници. Во трката на 200 м, Ристов го освои седмото место со личен рекорд од 22,20 секунди. Лина Исени во скок во далечина го подобри личниот рекорд со скок од 5,07 м, освојувајќи го 17-то место, а во трискок беше на 16-то место со прескокнати 10,89 м. Јумна Фетаху во дисциплината фрлање ѓуле го освои осмото место со резултат 12,29 м, а во дисциплината фрлање диск беше деветта со 32,77 метри, информираат од АФМ. Г.И.