Преговорите за помирување меѓу палестинските организации Хамас и Фатах, чие одржување беше најавено за јуни годинава во Кина, се одложени, а нов датум сѐ уште не е одреден, потврдија денеска претставници на тие палестински фракции.
Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, кој присуствуваше на претходниот состанок, за западни медиуми изјави дека средбата е одложена и сѐ уште не е одреден нов датум, обвинувајќи ја Фатах за одложувањето.
Тројца функционери на Фатах го потврдија одложувањето на состанокот во јуни, наласувајќи дека нивното движење ќе издаде соопштение за тоа прашање.