Доколку сегашните мировни предлози на рускиот претседател Владимир Путин бидат одбиени, условите за следните мировни предлози ќе бидат потешки, изјави денеска директорот на Руската служба за разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.
Истовремено, тој не кажа од кого треба да се прифатат или отфрлат предлозите за кои станува збор.
-Следните услови под кои може да се постигне мир и да се потпише некаков мировен договор ќе бидат покомплицирани за Украина и потешки – нагласи Наришкин.
Во исто време, тој рече дека денешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека алијансата разговара за ставање на нуклеарно оружје во состојба на готовност е насочена кон заплашување.
-Треба да се однесуваме спокојно кон таа изјава – додаде тој.