Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами истакна дека за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа има потреба од дополнително прецизирање. Според него, нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.
– Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените – истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.
На новинарско прашање што очекува од ДУИ, Касами изрази надеж дека ќе бидат конструктивна опозиција.
– Се надеваме дека ДУИ и коалицијата ќе бидат конструктивна опозиција во вредностите во кои ние веруваме, резултатите на Владата се директно зависни од тоа колку е консолидирана и силна опозицијата. ДУИ ги има бројките, се надеваме дека и волјата ќе ја имаат за да бидат конструктивна силна опозиција, коректор на власта. Со тоа да граѓаните да можат да имаат придобивки од една власт која ќе работи за нив – истакна Касами.