Фото: З.А

Пред речиси полна сала, вечерва во Ц.К. во Кичево, премиерно беше изведена драмската претстава за деца „Роботот Роби и Тони“, работена според текст на Весна Куслеска. Оваа претстава е дел од програмата за 2024 година, финансиски подржана од Министерството за култура на РСМ. Режисер на претставата е кичевскиот актер, Михајло Петрески.

Фото: З.А
Фото: З.А

-Вечерва пред кичевската публика, составена претежно од деца и по некоја мајка, премиерно беше изведена драмската претставата за деца „Роботот Роби и Тони“. Актерите во оваа претстава беа ученици од кичевските основни училишта од 5-то до 9-то одделение. Во претставата главната улога ја има детето Тони на кого мајката за роденден му подари робот. Целта на овој драмски текст е децата што повеќе да се дистанцираат од социјалните мрежи и интернетот и повеќе да ја сакаат и чуваат природата – рече по претставата режисерот Петрески, кој нагласи дека драмската претстава и утревечер ќе биде играна пред кичевската публика.

Бројното присуство на децата придонесе сите интересни случувања во претставата да бидат проследени со громогласни аплаузи.

З.А