По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20 век, ЈОУ библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.
Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка.
Максимална должина на секоја од испратените творби е 5.000 збора.
– Творбите треба да се потпишат со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следниве податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, мејл- адреса и адреса на живеење.
Пријавите за литературниот конкурс треба да се испратат на е-адресата на ЈОУ библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија: [email protected], најдоцна до 25 мај. По завршувањето на конкурсот, ќе бидат доделени парични награди за трите најдобри творби. Конкурсот е без возрасни ограничувања за авторите или авторките. Секоја непотпишана и нецелосна пријава на конкурсот нема да биде разгледана од страна на жири-комисијата – информираат од библиотеката „Гоце Делчев“.