Првобитниот список со 36 играчи сега има 20, за баражот за настап на Мундијалот в година, со селекцијата на Фарските Острови, на 8 мај на гости и четири дена подоцна дома
Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати поширокиот список од 36 ракометари на 20, за бараж-мечевите со селекцијата на Фарските Острови за пласман на Светското првенство (СП), кое во 2025 година треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка. Првиот натпревар е на гости на 8 мај, а вториот четири дена подоцна во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.
Меѓу 20 ракометари, тројца се интернационалци, Никола Митревски (Порто, Португалија), Филип Талески (Бенфика, Португалија) и Никола Костески (Плзен, Чешка), а во конкуренција се и седум резервни играчи. Секако, хендикеп е отсуството на Ненад Костески, кој е повреден.
Репрезентативците треба да се соберат в петок. Македонија досега настапи на осум светски првенства, и тоа шест во низа од 2013 година, а најдобриот пласман беше забележан во 2015 година, кога беше освоено деветтото место.
Состав: голмани: Никола Митревски (Порто, Португалија), Мартин Томовски (Вардар), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер). Леви крила: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер). Десни крила: Никола Костески (Плзен, Чешка). Десни бекови: Томислав Јагуриноски (Вардар), Мартин Велковски (Алкалоид), Мартин Серафимов (Алкалоид). Средни бекови: Марко Митев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Иван Џонов (Алкалоид). Леви бекови: Филип Талески (Бенфика, Португалија), Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер). Пикери: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Валентин Карасманакис (Алкалоид). Дефанзивци: Никола Марковски (Алкалоид), Михаил Аларов (Вардар). Резерви: голман Иван Галевски (Алкалоид), лево крило Гоце Ојлевски (Охрид), десно крило Никола Стоилковски (Охрид), лев бек Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), среден бек Мартин Карапалевски (Вардар), десен бек Давид Савревски (Алкалоид), дефанзивец Михајло Младеновиќ (Алкалоид). Г.И.