Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците соопштува дека 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.