Мечот за титулата е вечерва во СЦ „Ја­не Сан­дан­ски“ во Скоп­је, од 19 ча­сот

КИКБОКС

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, од 19 часот, ќе бори за титулата професионален светски првак во кикбокс на ВАКО ПРО, во дисциплината К1 (до 88,6 кг), против Берк Дузенли од Турција, актуелен светски првак. Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс Маитаи-федерација на Македонија. Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината за 2023 година.
На гала-вечерта, на еден од мечевите пред главната борба, ќе настапи и трикратниот светски и европски шампион, македонскиот кикбоксер Димитар Ѓорѓиев. Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест меча во машка и во женска конкуренција, на кои ќе учествуваат атрактивни борци од Македонија и нивните противници од Србија, Словенија, БиХ и Израел, кои, пак, се актуелни шампиони од официјалните ВАКО-првенства (Светската асоцијација на кикбокс-организации).
Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3. Влезниците се пуштени во продажба онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/arena_%20fight-%20nightsи на билетарницата на салата. Г.И.