Порака Нова – Струга отвори нов фотоконкурс на тема „Преку разгледница до инклузија“ – фотографии од Охрид и Струга и УНЕСКО регионот со цел афирамција на овие значајни дестинации во нашата земја, а и придонес на самите фотографи кон една позитивна мисија, поддршка на лицата со попречност.
Нашите заложби за поголема инклузија на лицата со попреченост, повеќе можности за истите да креираат самостоен живот и да заработуваат сакаме да ги пресликаме во скоро сите активности кои ги имплементираме, па таков е и овој фотоконкурс.
Сите фотоентузијасти (професионалци или аматери) може да се приклучат и да учествуваат на оваа позитивна мисија и уникатен фото конкурс каде преку свои фоторафии од Охридско – Струшкиот регион ќе придонесете кон подобрување на инклузијата и животот на лицата со попречености.
Избраните фоторафии ќе бидат направени во разгледници, кои потоа ќе бидат продавани од лицата со попречености чија заработка ќе им помогне во нивниот самостоен живот, самовработување и социјализација.
Најдобрите 15 фотографии ќе бидат избрани за да се испечатат во форма на разгледници.
Авторите на истите ќе добиваат 10 отсто од секоја продадена разгледница и ќе бидат исплаќани на месечно ниво. Сите права и обврски ќе бидат регулирани со посебни договори со избраните фотографи по направената селекцијата. Нивното име, бренд/лого, вебсајт, ќе бидат додадени на задната страна на разгледницата. Преку целиот процес, фотографите и нивниот бренд ќе бидат промовирани преку кампањата за продажба.
Селекцијата ќе ја прави стручно жири, а фотоконкурсот е отворен до 15 мај годинава. Повеќе за повикот може да се прочита тука.