Helikopter
Фото: ЕПА

Подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по падот во водата се уште се трага по друг подофицер – соопшти Министерството за одбрана.

При спроведување на редовни вежби – слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“, денеска околу 12.15 часот подофицер од 72. бригадата за специјални операции е тешко повреден, додека уште еден подофицер паднал во водата и потрагата се уште трае – соопшти Министерството за одбрана.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер веднаш бил пренесен во Општата болница во Вршац.

Јавноста ќе биде информирана за резултатите од потрагата по припадник на 72 бригада за специјални операции, како и за состојбата на повредениот пподофицер – се вели во соопштението на Министерството.