Кристофер Нолан стана најдобро платениот режисер на сите времиња по гигантскиот успех на неговиот нов филм „Опенхајмер“, кој триумфира на доделувањето на „оскарите“. Филмот од 2023 година ги следи приказната за научникот Џ. Роберт Опенхајмер, кој го игра Килијан Марфи, и неговата улога во развојот на атомската бомба што се користела во Втората светска војна. На 96-то доделување на „оскарите“ на 10 март, „Опенхајмер“ освои седум награди, вклучувајќи и за најдобар филм.
Марфи ја освои наградата за најдобар актер, а Нолан освои две награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобрата режија.
Нолан стана уште посреќен откако беше пресметана заработката на филмот на киноблагајните. Според „Варајети“, Нолан заработил 100 милиони долари за само за режирање на најголемиот филм минатата година (плата, бонуси). Тимот на Нолан допрва треба јавно да ја коментира оваа бројка.
„Опенхајмер“ беше направен со буџет од 100 милиони долари. Иако овој буџет е огромен, филмот продолжува да биде многу профитабилен, заработувајќи неверојатни 958 милиони долари низ светот.