Фото: „Нова Македонија“

Во пресрет на годинашниот Турнир на кандидатите (од 3 до 22 април), ви ги претставуваме досегашните циклуси (во претходните продолженија ги претставивме турнирите од 1953 до 1989 година)

ШАХ – ИСТОРИЈА НА ТУРНИРОТ НА КАНДИДАТИТЕ (5)

Турнирот на кандидатите, последниот тест што шахистот мора да го помине за да го предизвика светскиот шампион во шах, има богата историја, која датира од 1950 година. Овој настан се појави како одговор на потребата од систематски пристап за одредување на предизвикувачот на светскиот првак. Пред 1950 година, кандидатите мораа да се движат низ лавиринтот од преговори директно со шампионот, да обезбедат финансирање и да организираат меч, односно процес што немаше структура и конзистентност, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Во пресрет на годинашниот Турнир на кандидатите (од 3 до 22 април), ви ги претставуваме досегашните циклуси (во претходните продолженија ги претставивме турнирите од 1953 до 1989 година)

КАСПАРОВ И ШОРТ СЕ ОДВОИЈА ОД ФИДЕ (1991 Г.)

Турнирот на кандидатите во 1991 година го задржаа истиот формат како и три години претходно, половина од 14-те играчи беа елиминирани пред Карпов да се приклучи во четврт-финалето. Во финалето во 1993 година, Англичанецот Најџел Шорт го победи Холанѓанецот Јан Тиман. Поради несогласувањата со организациската страна на турнирот за светски првак, актуелниот светски шампион Каспаров и предизвикувачот Шорт се одвоија од ФИДЕ. Тие го одиграа тој меч под покровителство на новосоздадената Професионална шаховска асоцијација (ПЦА). Како одговор, ФИДЕ му ја одзеде титулата на Каспаров, а ги отстрани Каспаров и Шорт од рејтинг-листата и одржа меч помеѓу Карпов и вицешампионот на Турнирот на кандидатите, Тиман. Каспаров го победи Шорт, а Карпов славеше над Тиман за да предизвика раскол во шаховскиот свет, кој конечно беше решен по 13 години (2006), со меч за повторно обединување, помеѓу Крамник и светскиот шампион (ФИДЕ) од 2005 година, Топалов. Во годините на поделбата, ФИДЕ одржа пет нокаут-шампионати. Кандидатите беа ставени на чекање.

ПОВТОРНО ОБЕДИНУВАЊЕ (2007 Г.)

По повторното обединување, Светскиот куп (ФИДЕ) со нокаут-систем и Гранпри-серијата (ФИДЕ) беа воведени како квалификациски патеки на кандидатите. Во 2007 година, СП се одржа во форма на турнир, двоен круг со осум играчи, во Мексико. Турнирот на кандидатите, кој се одржа три месеци порано, одреди четири од осумте учесници: Аронијан, Гелфанд, Гришчук и Леко. Ним им се придружија оние што директно се пласираа на шампионатот: Ананд, Свидлер, Морозевич (беа од второ до четврто место во Сан Луис во 2005 година), каде што Топалов стана светски шампион (ФИДЕ), и победникот во мечот за повторно обединување, Крамник. Ананд победи со девет поени од 14 можни и стана светски шампион. Една година подоцна ја одбрани титулата во реваншот со Крамник. Г.И.

(Идната недела: Гелфанд се појави на врвот)