Дали често посегнувате по апчиња за спиење или додатоци со мелатонин и како побрзо да заспиете без додатоци? Одговорот е – јадете храна што содржи есенцијална аминокиселина што го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќата, и обезбедува здрав сон. Зошто да не се обидете да го решите проблемот со една фантастична намирница? Станува збор за ф’стаците, кои се богати со антиоксиданти, протеини, здрави масти, влакна, витамини и минерали. Покрај тоа, тие содржат висок процент на есенцијална аминокиселина наречена триптофан, која го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќата, и обезбедува длабок и мирен сон.
Што е мелатонин
Мелатонин е хормон што природно се произведува во телото. Неговата главна функција е да го регулира деноноќниот циклус, односно ритамот на спиење и будност што го следи телото. Се ослободува кога е темно и се инхибира кога е светло, што помага да се синхронизира биолошкиот часовник со околината.
Освен што го регулира сонот, мелатонинот влијае и како антиоксидант, ги потиснува воспаленијата, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува расположението, ги спречува или ги ублажува несоницата, сезонската депресија и другите нарушувања на спиењето. Тоа е хормон што може да се добие преку додатоци во исхраната или лекови. Сепак, многу подобра опција е да консумирате храна што го стимулира ослободувањето мелатонин и помага да заспиете побрзо.
Ф’стаците ќе ви помогнат побрзо да заспиете
Ф’стаците се јаткасти плодови што можат да ви помогнат да заспиете побрзо бидејќи содржат висок процент на триптофан, есенцијална аминокиселина што произведува мелатонин (хормон што го регулира циклусот сон – будење). Како и серотонин (невротрансмитер што обезбедува подобар сон и благосостојба).
Покрај тоа, ф’стаците имаат и други здравствени придобивки, како што се подобрување на меморијата, одржување на кардиоваскуларното здравје, спречување анемија и запек и зајакнување на коските. И сето тоа благодарение на калциумот, магнезиумот, цинкот, калиумот, фосфорот и железото.
Ф’стаците се извор на тиамин, витамин Е и фолати, кои придонесуваат за нормална психолошка функција, додека витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативно оштетување. Тие исто така го регулираат нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и другите васкуларни функции. Ова е заклучокот од студијата на Факултетот за фармација и медицински науки на Универзитетот во Јужна Австралија, објавена во списанието „Нутришнс“.
Кое е најдобро време за јадење ф’стаци
Доколку сакате да го искористите нивниот ефект врз спиењето, се препорачува да јадете ф’стаци помеѓу еден и два часа пред спиење. Доколку сакате да ја контролирате тежината, се препорачува да ги јадете наутро или попладне, како здрава храна што заситува. Доколку сакате да ги подобрите вашите перформанси, се препорачува да вклучите ф’стаци во појадокот за да не бидете уморни во текот на денот.