Овој ден за нас е посебен, го славиме овој за нас значаен празник, кој е и роденден на винарницата. Се надеваме на бериќетна година, истакна Ана Јорданова, генерален менаџер на „Стоби“.
Откако го направи првото традиционално закројување на лозјето, ги повика и останатите вработени во компанијата да се вклучат во традицијата за плодна година. На тој начин винарницата „Стоби“ ја продолжи долгогодишната традиција за одбележување на празникот Свети Трифун.
И годинава настанот беше посетен од деловни пријатели, соработници, претставници на медиумите, на дипломатскиот кор и бројни гости. Како што му доликува на свечениот чин, пригодна богослужба одржа свештено лице од Повардарската епархија.
Винарницата „Стоби“ произведува висококвалитетно вино, кое се пласира на домашниот и на странскиот пазар.