Новата сезона на серијата „Пороците на Токио“ ќе има премиера на 8 февруари, на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“.
Снимена на локацијата и делумно инспирирана од личното сведоштво на американскиот новинар Џејк Аделштајн за активностите на полицијата во Токио, оваа криминална драмска серија го следи Аделштајн (го игра Ансел Елгорт) додека се спушта во подземјето на неонски осветленото Токио во 2000 година. Откако е ангажиран како прв американски новинар за криминал во престижниот весник „Меичо Шимбун“, Џејк брзо се здружува со детективот Хирото Катагири (Кен Ватанабе).
Додека навлегува длабоко во криминалното подземје на градот, Аделштајн сфаќа дека неговиот живот и животите на блиските до него се во страшна опасност.
Креатор на серијата е добитникот на „тони“, Џ.Т. Роџерс, а во главните улоги настапуваат Ансел Елгорт, Кен Ватанабе, Ринко Кикучи, Рејчел Келер, Шо Касамацу, Ајуми Ито, Јосуке Кубозука и Мики Маја.