Со измените на Законот за рестриктивни мерки, се проширува опфатот и се зајакнуваат механизмите за борба против корупцијата и организираниот криминал, се овозможува побрза судска завршница по овие предмети, а при тоа нема повреда на презумпцијата на невисност и човековите права, вели вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
Таа во синоќешното гостување на „Тема на денот“ на телевизија „Сител“, појасува дека измените на законот за рестриктивните мерки кој ќе ги вклучи и „црните листи“ на САД и Обединетото кралство, се покренати на нејзина иницијатива бидејќи таа по функција е координатор на ваквите политики, а се предложени од МНР бидејќи тоа е надлежно, матично министерство за овој закон.
– Во овој случај јас ја покренав иницијативата до Владата за тоа точно какви измени треба да има во законот, да се прошири опфатот на ресктриктивните мерки, покрај владеењето на правото, да се додаде за борба против корупција, за организиран криминал и тероризам. Можноста тоа да важи и за црната листа на САД и на Обединетото Кралство, Владата веднаш ја прифати иницијативата. Направи работна група која што јас ја координирав, составена од неколку министерства за да се разгледа едно посеопфатно решение. Така да ова решение има предлог на министерот за вантрешни работи тоа да се однесува на јавни набавки, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши предложивме тоа да биде за јавни договори, концесии и јавни – приватни партнерства, ставање во мирување на лиценци, овласување на вршење на дејност, и какви било јавни договори со државните институции, невозможност за земање кредити итн се до правосилна судска одлука. Значи ние зборуваме за времени мерки – појасни Грковска.
Таа наведува дека во најголем дел постапката е иста, а се врши само допрецизирање со што се обврзува ЈО во една законска процедура согласно македонските закони, да мора веднаш да постапува во кратки рокови, за да може да има побрза судска завршница.
– Во ваква ситуација сметам дека и за оние лица кои се ставени на „црната листа“, на листите на санкции, им оди во прилог таквата процедура побрзо да завши, заради тоа што ако тие листи се прават врз основа на сериозни докази и сериозни аргументи, кои сепка се прибираат од нашите инстутуции. Прашањето е зошто нашите институции и покрај тоа што ги поседуваат тие докази не реагираат веднаш како што налага нивната обврска – вели Грковска.
Во однос на негативното мислење од Министерството за правда од 26 декември, Грковска посочува дека тоа се однесува за првичната верзија, односно за иницијативата, а не и за последното законско решение кое што помина на Влада.
-Во еден дел јас се согласувам со Министерството за првада дека и сегашните законски прописи во Македонија овозможуваат Обвинителството да покренува постапки. Обвинителството и по допрен глас може да реагира. Ние имаме реално проблем со правосудните органи кои се премногу инертни, бавни, неиницијативни, а во некоие случаи имаме впечаток дека може и намерно избегнуваат да постапуваат за вакви случаи. Сега ќе бидат обврзани со рокови тоа да го направат, и како што кажав и на овие лица ќе им оди во прилог побрзо да се процесуираат постапките доколку се убедени дека се во право, дека правдата е на нивна страна – вели вицепремиерката.
Прашана во што се разликува усвоената верзија од Владата од првичната, таа подвлекува дека разликата е во тоа што тука е опишана процедурата, која ја зема предвид презумпцијата на невисност и човековите права.
-Сакам да ги убедам сите дека недвосмислена беше заложбата на сите во Владата да се почитува пресумцијата на невиност, и човековите права. И затоа многу јасно и децидно ја опишавме процедурата дека штом Владата ја добие листата на лицата кои се под санкции Обвинителството треба веднаш да покрене постапка и доколку завши со обвинение, тогаш до Судот да се процесуираат и да се воведат рестриктивните мерки за лица како да се суспендира вршењето на јавна функција без разлика дали за обвинител, судија, градоначалник, пратеник, министер или друга јавна функција, да нема право да се кандидира, исто така да нема право да има какви било должничко-доверителски односи со државните институции – вели Грковска.
Таа оценува дека коментарите на оние кои се повикуваат на загрозување на суверенитетот и на Уставот е, вели, само за да се спречи донесувањето на ваквите механизми.
– Ние сите реагираме кога нема ефикасна борба против коруција, и кога немаме ефикаксно процесуирање на случаи. И мене ме изненадува како секогаш кога излегуваме со некоја иницијатива за поефикасно справување со корупцијата наеднаш се појавува една група која што е загрижена и која ги користи сите можни „аргументи“ за да каже како не може, како не смее, како не треба, наместо да се оди со еден пристап да се каже во ред, тоа ние потребно дајте тоа вака да го направиме. Мислам дека со тоа се покажува дека само некоја одредена група на луѓе само формално се залага за борба против корупцијата и организираниот криминал – вели Грковска.
Според неа, разочарувачки е тоа што досега не гледаме некаков ефект од помошта која што ја добиваме од нашите меѓународни партнери кога станува збор за борбата против корупцијата и организираниот криминал.
– Буквално сите наши меѓународни партнери сакаат да видат ефикасна борба против корупцијата. Владата не може да покренува обвиненија, да процесуира судски случаи. Тоа што Владата може да направи е преку вакви решенија да ја овозможува и да го натера правосудниот систем да биде поефикасен. Факт е дека Обвинителството може да постапува и по допрен глас, но ние не гледаме дека некој се вознемирува кога некој ќе биде ставен на листа на санкции, без оглед дали е тоа од САД или друга држава. Затоа со ваквите механизми сакаме да го обврземе Обвинителството да мора да постапи. Кога Владата ќе ја донесе таа одлука, Обвинителството да мора да постапи – во кратките рокови, вели Грковска.
Таа не се согласува со коментарите дека со измените на законот Владата ќе има ингеренции на судот со тоа што самата ќе обвинува, суди и пресудува, затоа што вели, целата процедура ќе оди согласно законските прописи. Грковска најави дека ќе следат измени и на други закони, на коишто ќе имаат одраз измените на Законот за рестриктивни мерки.
Во однос на забелешките дека законот е противуставен и за можноста законското решение да биде испратено до Венецијанската комисија, таа нагласи дека откако ќе се усвои нема причина зошто да не го достават, и оти сите забелешки се добредојдени.