фото: МИА

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово вчеравечер ја организираше манифестацијата „Сите на оро“.

Манифестацијата претставуваше ревија на српскиот фолклор на која настапија повеќе културно-уметнички друштва. Покрај домаќините КУД „Бранко Чајка“, настапија КУД „Цветко Грбиќ“ од Штрпце, Фолклорниот ансамбл „Севдах“ од Врање и КУД „Соко“ од Бујановац.

– Целта на овој настан е да се чува и негува културниот и етнички идентитет на Србите во Република Северна Македонија. Публиката од Тетово имаше можност да види и некои српски традиционални ора кои 2017 година се дел од репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото – посочи претседателката на Здружението, Соња Трајковиќ Андонов.

Дел од манифестацијата беше и тетовското трио „Шербет“ кое исполни повеќе македонски и српски музички композиции.