Вчера во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00.58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете од Струмица, извести МВР.
– Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато – додаваат од МВР.
За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.