Сè повеќе компании што се занимаваат со хуманоидни роботи се водени од целта да „отелотворат интелигенција“ и да развијат универзално приспособливи роботски системи, а меѓу овие компании е и кинеската „Кеплер“. „Кеплер“ ќе го претстави својот хуманоиден робот наречен Форранер на Меѓународниот саем за електроника (ЦЕС), кој ќе започне следната недела во Лас Вегас.
Од „Кеплер“ велат дека нивната серија Форранер за општа намена демонстрира напредни способности во движењата на телото, прецизна контрола на рацете и софистицирана визуелна перцепција. Ова го позиционира како „опасен“ конкурент на Оптимус на „Тесла“ во областа на хуманоидната роботика.
Компанијата тврди дека нејзиниот хуманоиден робот има цел да ја зголеми продуктивноста со врвна технологија, забрзувајќи го доаѓањето на тридневната работна недела.
– Оваа промена ќе им овозможи на луѓето да посветат повеќе време на значајни напори, како истражување на вселената – рече коосновачот на „Кеплер“, Дебо Ху.
Роботот е висок 178 сантиметри и тежок 85 килограми, има „паметна“ и флексибилна рака со 12 степени на слобода на движење. Меѓутоа, благодарение на вкупно 40 проценти слобода на движење на целото тело, роботот се истакнува во движењето низ предизвикувачки терен, вешто избегнува пречки, агилно манипулира со рацете, крева и носи тешки предмети и се карактеризира со прецизна координација на очите и палците и има интелигентна интерактивна комуникација.
Форранер се одликува со импресивни високотехнолошки системи, кои се испирирани од Оптимус на „Тесла“, кои му овозможуваат да изведува сложени движења на телото, прецизна контрола на рацете и напредна визуелна перцепција.
Роботот се потпира на збир на сензори поставени во неговата глава, кои му овозможуваат да ја „разбере“ околината. Меѓу тие сензори се широкоаголна камера, четири микрофони, акцелерометар и систем АХРС. Комуницира со луѓе благодарение на синтетичкиот гласовен модул и стереозвучниците. Сите информации што ги собираат сензорите минуваат низ посебен систем наречен Небула АИ. Овој систем е дизајниран да му помогне на роботот да се движи на незгодните места и да избегнува пречки. Неговите раце можат да „чувствуваат“ и нежно да ги подигаат/креваат работите. Благодарение на системот за вештачка интелигенција Небула, роботот е „доволно паметен“ за да се движи во сложени средини и затоа е практичен за извршување различни задачи.