СП ВО ЗАБРЗАН ШАХ
Норвежанецот Магнус Карлсен (2.818 рејтинг-поени во забрзан шах, прв пред турнирот) повторно испиша историја, откако ја одбрани титулата на Светското првенство (СП) во забрзан шах во Узбекистан, без пораз. Ова е рекордна петта титула за Карлсен, кој има и пет светски титули во класичен шах и шест во брз шах. Карлсен освои 10 поени (седум победи, шест нерешени) меѓу 202 играча. Владимир Федосеев (2.716) од Словенија е втор, со 9,5 поени, а трет е Јангиу Ју (2.699) од Кина, со девет поени. Кај шахистките, Русинката Анастасија Боднарук (2.265, 51-та пред турнирот) победи со 8,5 поени. Таа го доби тајбрејкот со 2,5-1,5 против победничката во 2019 година, Индијката Хампи Конеру (2.444), која исто така имаше 8,5 поени по 11-те кола. Трета е Леи Тингџи (2.517) од Кина, исто така со 8,5 поени. Од вчера се игра СП во брз шах, титулите ги бранат Карлсен и Бибисара Асаубајева од Казахстан. Рекордна петта титула за Карлсен, прва за Боднарук