Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви.
-Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко – изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек.
-Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам – изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.
Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага.
Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој студриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил.
Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата. Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот.
Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.