Русија соопшти дека одлуката на Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Молдавија и Украина може да ја дестабилизира ЕУ.
– Преговорите за пристапување во ЕУ може да траат со години или децении – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека „ЕУ отсекогаш имала строги критериуми за прием и очигледно е дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат тие услови“, пренесе „Ројтерс“.
– Јасно е дека ова е апсолутно политизирана одлука, желба на ЕУ да демонстрира поддршка за тие земји. Но, таквите нови членки можат да ја дестабилизираат ЕУ – рече Песков.