Фото: Владимир Путин/принтскрин/РИА Новости

Русија ќе спречи какво било странско мешање на претстојните избори, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

– Секое мешање во внатрешните работи на Русија ќе биде спречено и сузбиено, во согласност со руските закони. Ќе ја заштитиме слободата на нашиот народ, неговиот суверенитет и правото да ја изберат својата иднина. Народот и само народот на Русија се единствениот извор на моќта во нашата земја – рече Путин на средбата со партиските лидери во Долниот дом на Државната Дума.

Тој додаде дека предизборната кампања треба да биде конкурентна, а изборите да се спроведат на транспарентен и легитимен начин со почитување на демократските процедури.