Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, МВР денеска соопшти дека веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и е утврдено дека тој остварил излез од државата на 6.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село.
Во соопштението од МВР се наведува дека за М.Д е пријавено во Полициската станица Струмица на 9.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64).
– Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 6.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.