Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград.

– Адвокатот е задржан на распит којшто се уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат што понатаму- рече Спасовски во Охрид.

Во однос на возачот кој го превезуваше Палевски во Турција и кој беше приведен на влез во земјава на граничен премин кај Дојран, Спасовски рече дека ќе биде поднесена кривилчна пријава.

– Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава – изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.