Во категоријата до 12 години шампион е Капабланка од Скопје, до 14 години славеше Гамбит Асеко СЕЕ, а до 18 години првак е Алкалоид. „Во годинашните лиги учествуваа рекорден број од 280 млади шахисти. Да се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во следните години“, рече тренерот Данчевски

ШАХ – МЛАДИНСКИ ЕКИПНИ ЛИГИ ДО 12, 14 И ДО 18 ГОДИНИ

Со одигрувањето на последните кола од возрасните категориите до 12, до 14 и до 18 години завршија годинашните младински лиги на Македонија, со учество на 14 клуба. Во категоријата до 12 години екипата на Капабланка од Скопје е првак на Македонија откако постигна извонреден резултат со максимален број победи со максимален резултат, осум меча со по 4-0. Второто место го освои Алкалоид од Скопје, а трет беше Ласкер од Охрид.
– Никола Петровски, Даниел Стефаноски, Павел Крстевски, Никола Јаневски, Елисавета Брнси Даниел Камнар од клубот Капабланка докажаа дека се генерација од која треба да очекуваме голема шаховска иднина – рече тренерот Орце Данчевски.
Во категоријата до 14 години убедлива беше и стана шампион екипата на Гамбит Асеко СЕЕ (Андреи Калин, Никола Радоњанин, Мајкл Брнс, Игор Александар Спасов, Либерт Муча и Делфина Огњановска), втор е Алкалоид, а трет МШК Центар.
Најнеизвесно беше во категоријата до 18 години, каде што титулата ја освои Алкалоид (Теодор Јовановски, Стојан Велкоски, Дино Табаковски, Иван Велкоски, Матеј Бојковски), пред МШК Центар, а трет е Ласкер.
Во претходната недела кај девојчињата до осум години првак е Гамбит Асеко СЕЕ, пред Цареви Кули (Струмица) и Гази Баба (Скопје). Кај момчињата до осум години титулата ја освои Гамбит Асеко СЕЕ пред Алкалоид и Куманово, а кај момчиња до 10 години шампион стана Гамбит Асеко СЕЕ, пред Алкалоид и Цареви Кули.
– Во годинашните лиги учествуваа рекорден број од 280 млади шахисти. Да се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во следните години – рече Данчевски. Г.И.