Заднината на случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна пред 7 дена, а вчера беше пронајдена мртва, била да се изнудат пари од мајката на Вања, бил вмешан и член на семејството, а организаторот на сето тоа е и извршител на убиството, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според досега осомничените и приведените, информацијата за тоа кога девојчето излегува од домот е добиена од таткото. Во однос на инволвираноста на таткото, на прес-конференцијата беше посочено дека двајца од осомничените ги добиле информаците од таткото кога девојчето ќе излезе од дома. Во однос на инволвираноста на таткото, на прес-конференцијата беше посочено дека двајца од осомничените ги добиле информаците од таткото кога девојчето ќе излезе од дома. Но, засега не е утврдено дали таткото учествувал во организацијата.
Спасовски: Вања е киднапирана во влезот на зградата и ставена во багажникот на возилото
-Во координација и водство на Јавното Обвинителство, во текот на изминатата ноќ беа пронајдени телата на двете лица. Завршницата не беше како што сакавме, да ги пронајдеме живи. Телата беа закопани, едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. По преземените мерки на полицијата собрани се материјални докази. Приведени се петтмина, три лица се во притвор, приведен е и таткото на Вања, а едно лице е во бегство. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со член на семејството го организирал кривичното дело за да се изнудат пари од мајката. Таткото споделил информација за денот и времето на излегување на неговата ќерка од дома. Околу 10 часот (истиот ден) со пиштол било извршено убиството на Вања, а потоа запалено возилото со кое таа била грабната – изјави Спасовски на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство.
Осомничениот за убиството, според Спасовски, избегал во Бугарија.
-Првоосомничениот пребегнал во Белград на 30-ти ноември, со возило на неговиот адвокат, од каде заминал за Бугарија, Ќе направиме се за да го фатиме тој монструм – рече Спасовски.
Вчера беше пронајдено и безживотното тело на пензионерот П.Ж. од Велес, но, според министерот, неговото убиство не е поврзано со убиството на Вања, туку неговото возило, кое подоцна беше запалено, било користено за грабнување на Вања.
Прес-конференција за убиството на Вања
14-годишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023, и според МВР, во потрагата по неа биле вклучени стотина полициски службеници, биле прегледани снимки од 50-ина камери и направени голем број информативни разговори. Безживотното тело на Вања беше пронајдено вчера во близина на скопското село Бразда. Нејзиното исчезнување го пријави нејзината мајка, а во потрагата се вклучија и надлежните институции и голем број граѓани.