Песната „Очи вселена“ на Сара Мејс доби современ, динамичен и автентичен видео запис, кој ги следи светските трендови.
– Песнава ја напишав и му ја посветив на мојот син Кирил. Таа е посебна за мене, а верувам дека таква и ќе остане засекогаш. И мојата ќерка Илина имаше своја песна, тоа е „Бакар боја”, но му должев една и на Кирил – вели Сара.
Таа е автор на музиката и на текстот, а аранжманот е на Иван Петровски.
Видеото го снимаше Томислав Живковиќ, а свои улоги во него имаат и: Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска и Ивона Ристеска.